Фудбалерите на Вардар на арената „Тодор Проески“ славеа над Силекс со 3-0 во рамки на 7 коло од ПМФЛ. Сите голови беа видени во првиот дел, а автори на истите беа Жунињо, Аврамовски и Мицевски.

Овој триум има додатно значење бидеќи „црвено-црните“ се исачија на лидерската позиција со бод предност во однос на Академија Пандев кои пак одиграа без голови на домашен терен против Шкупи.

Вардар во следното коло ја дочекува екипата на Академија Пандев во дербито на 8 рунда.