Лидерот во Првата фудбалска лига на Македонија, тимот на Вардар по пауза од две кола им се врати на победите, откако на Арената „Тодор Проески“ со минимални 1-0 го совладаа Струга Триум Љум.

Одлучувачкиот момент се случи во 70. минута од мечот кога дефанзивецот Новак ја затресе мрежата на гостите од Струга.

 

Со овој триуф Вардар ја зголеми предноста на 11. бода во однос на Шкендија која пак киксираше против Работнички на домашен терен.