Головите на Колевски и на Аврамовски беа доволни за ФК Вардар да се израдува на првата овосезонска победа во ПМФЛ. Црвено-црните славеа во дуелот со Работнички во 3 коло со 2:0.

По поразот од Македонија ЃП во воведното коло и по ремито со Борец во Велес минатиот викенд, избраниците на Александар Васоски ја почуствуваа сласта на триумфот во новата натпреварувачка година.