Најтрофејниот фубалски колектив од земјава, Вардар е првиот тим кој победи во Велес, против Борец по повеќе од две години. Конкретно Велес последен пат беше надигран на домашен терен од Пелистер во октомври 2017 година во националниот Куп.

Вардарци со голот на Даниел Аврамовски ги израдуваа „Комитите“ кои денеска беа присутни на Гратскиот стадион во Велес.

Навивачката група на Борец, популарните „Гемеџии“ мораа да се помират со фактот дека нивниот тим не е непобедлив кога игра пред домашната публика.

Вардар победи 1:0 против Велес во воведниот натпревар од 20 коло во ПМФЛ, останатите четири натпревари се закажани за утре.