Македонската фудбалска репрезентација по големиот триумф над Словенија ги продолжува квалификациите за Европското првенство.

Стравувањето дека Адеми има посериозна повреда, доби потврда на првиот тренинг во Варшава.

Избраниците на Игор Ангеловски во одлична атмосфера се појавија на првата подготовка за Полска, но она што загрижува се повредите на Алиоски и Адеми кои го пропуштија првиот тренинг на стадионот во Варшава.

 

Домаќините на овој дуел влегуваат како лидери и фаворити во групата Г со 16 освоени бода, а во увертирата за мечот против Македонија лесно славеа на гостувањето кај Летонија со 3-0.

Македонија во пресрет на овој дуел влегува како третопласирана со 11 бода.

Дуелот се игра во недела со почеток од 20:45.