Македонската млада фудбалска репрезентација денеска го имаше првиот собир пред почетокот на квалификациите за ЕП 2021 година.

Благоја Милевски се врати на кормилото на селекцијата до 21 година, тој е голем инспиратор и нашиот најуспешен селектор во оваа возрасна категорија.

Атмосферата во таборот на нашата репрезентација е извонредна, насмевки, прегратки и желби за стартна победа. Македонија и Фарски Острови играат на 10. септември од 15 часот.