Женската фудбалска репрезентација на Македонија го доживеја третиот пораз во четвртиот меч од квалификациите за Европското првенство. Подобар од нашите фудбалерки беше селекцијата на Австрија која славеше со 0-3.

Гостинките мечот го решија во финишот на првиот дел кога со головите на Била и Задразил заминаа на пауза со солидни 0-2. Третиот погодок за Австријките беше дело на Дунст во 78 минута.

По овој пораз Македонија остана на само една победа во групата Г и тоа против селекцијата на Казахстан, додека Австрија остана на првата позиција со стопостотен учинок. Следниот меч македонските репрезентативки го играат на 6.март на гостински терен против Србија.