Италијанскиот прволигаш Лацио носи големи засилувања од Премиерлигата пред самиот истекот на овој преоден рок.

Римскиот прволигаш попладнево веќе го потврди трансферот на Андрес Переира, кој како позајмен фудбалер ќе се пресели од Манчестер Јунајтед.

Во клаузулата стои и опција за откуп на договорот по крајот на сезоната за што Лацио ќе треба да му плати на Јунјатед 15 милиони евра.

Паралелно со ова, вечерва одекна и веста дека дефанзивецот на Арсенал Шкодран Мустафи е пред преселба во Лацио.

Според информациите, Мустафи се очекува да дојде во Рим до крајот на преодниот рок, кој истекува на 5 октомври, откако тој веќе ги договорил личните услови со италијанскиот прволигаш.