Според информацијата на почитуваниот Л’Екип, Мбапе денеска е тестиран на коронавирус.

Тој веќе два дена се жали на грип и не тренира, но очигледно нешто го принуди лекарскиот тим на ПСЖ да го испрати на тестови за опасниот коронавирус.

Наводно, веќе се познати и резултатите, кои му се сопштени на Мбапе и на ПСЖ и кои ќе бидат објавени утре.