Вечерва во Лига 1 се играат средбите од последното коло, фудбалска драма во Франција во трката за титулата, влегуваат три клуба, Лил, ПСЖ и Монако.

Лил е во најдобра позиција, има 80 бода на првото место, ПСЖ со 79 е втор, а Монако со 77 е трет но и тој со теоретски шанси за шампионската титула.

Со победа над Анжи, екипата на Лил ќе биде шампион на Франција, има и други сценарио во кои ПСЖ па и Монако можат до круната.

Монако е во најслаба позиција, потребно е тие да победат против Ленс и да се надеваат на порази на Лил и ПСЖ за титула во Лига 1.

ПСЖ мора да победи против Брест, но да се надева на кикс на Лил, но Брест е под опасност за испаѓање па нема лесно да се предаде.