Екипата на Бордо поминува низ најтешките години во своето постоење.

Некогашниот клуб на славниот Зинедин Зидан  работи со принудно раководство откако сопствениците, фирмата „Кинг Стрит“ соопшти дека се повлекува од финансирањето.

Проблемите за Бордо започнаа поради пандемијата со коронавирусот и прераниот крај на минатата сезона, клбуот изгуби значајни приходи, дополнителен проблем е банкротот на агенцијата за медиумски права „Медијапро“ минатата година.

Во сезоната 2008/2009 Бордо последен пат беше шампион на Франција, а Купот на Франција го освојуваше пет, пати (последен пат во 2013).