Здравствениот протокол поврзан со коронавирусот во француското првенство викендов ќе биде нарушен, објави Л”Екип.

Екипите од Првата и Втората лига во Франција ќе одадат почит на Диего Марадона на уникатен начин.

Предвидено е пред почетокот на натпреварите, играчите на двете екипи да ја формираат буквата М на средината на теренот, а наместо клупски химни ќе биде интонирана една иста песна на сите стадиони.

Песната која викендов ќе се пушта на стадионите ширум Франција, засега, е тајна.