Јувентус е подготвен да се бори со ПСЖ за доведување на Пол Погба од Манчестер Јунајтед, пишува Калчомеркато.

Премиерлигашот е подготвен да го пушти Погба за 50 милиони евра, а бидејќи и двата клуба се подготвени да платат отштета, прашање е кој ќе ги договори личните услови со Погба.

Јунајтед изразуваше желба да го продолжи договорот со Погба, но работите не одат како што треба, па според англиските медиуми постои подготвеност кај нив да го продадат Французинот, за да заработат.

Моменталниот договор на Погба со Јунајтед завршува во јуни 2022 година. Во целата приказна се вмешува и ПСЖ, но поконкретни се од Италија.