За да се спречи ширењето на епидемијата на коронавирусот, француските власти донесоа вонредни мерки.

Па, така, до 15 април на трибините на спортските терени ќе може да има по најмногу 1000 навивачи.

Клубовите сами ќе решаваат дали ќе играат пред празни трибини, дали ќе ги одложуваат средбите или пак ќе играат пред најмногу 1000 гледачи“, изјави француската министерка за спорт Роксана Марачинеану.

Оваа одлука важи и за националниот тим, па сега е неизвесно дали воопшто ќе се играат пријателските средби со Украина (27 март) и со Финска (31 март).

„Ако можат да бидат одложени – ќе се одложат, ако не – тогаш ќе се играат пред 1000 гледачи“, додаде министерката.