Игор Франговски го менува Васко Дојчиновски на местото комесар за натпревари на ПМФЛ. Оваа одлука УО на ФФМ ја донесе на вчерашната седница.

Дојчиновски останува да работи во ФФМ како дел од комисијата за натпревари, тој долги години беше прв човек на позицијата комесар за натпревари.

Новата сезона во ПМФЛ стартува следниот викенд, Шкендија ја брани титулата во домашното првенство.