Поранешниот репрезентативец на Шпанија, Педро дефинитивно ќе го напушти Челси ова лето а извесно е дека кариерата ќе ја продолжи во Италија.

Неофицијално, Рома е во завршни преговори со крилниот напаѓач кој помина пет години во Челси и постигна 43 гола на 201 натпревар. Покрај „Римската Волчица“ за Педро сериозен интерес има и од Валенсија, Бетис и Њукасл.

Франк Лампард во меѓувреме се обидува активно да работи на засилување на тимот, откако Тимо Вернер прифати транфер во Лондон, следни на листата се Чилвел од Лестер и евентуално Џејдон Санчо до Борусија Дортмунд за кој битка водат и Манчестер Јунајтед, Ливертпул, Реал Мадрид и ПСЖ.

Ова лето Челси се очекува да го напуштат повеќе првотимци како што се Вилиан, Баркли, Алонсо, Жоржињо, Бачуаи и Аризабалага.