Фудбалската Асоцијација на Англија размислува за промена на селекторското столче во репрезентацијата за играчи до 21 година, откако по воведните две кола на ЕП „Гордиот Албион“ запиша два порази.

Ади Ботројд има договор со Англија до јуни ова лето и извесно е дека ќе биде нема да добие продолжување на соработката.

Според „Дејли Меил“, Франк Лампард е прв кандидат за оваа позиција во младинската селекцијата на Англија.

Лампард е во потрага по нова работа откако доби отказ од Челси каде го наследи Томас Тухел.