Откако му заврши договорот со Баерн Минхен, Франк Рибери размислува која понуда да ја прифати од клубовите за новата сезона. По онаа од Ајнтракт Франкфурт, за Рибери сериозен интерес покажала и Фиорентина, пренесува Билд.

Крилниот плејмејкер има можнос и за трансфер во САД но и во Франција откако тој јавно кажа дека размислува да се врати во Марсеј или пак да се проба во лигата во која игра Ибрахимовиќ.

Островјани пак тврдат дека Ливепрул веќе стапил во контакт со агентот на Рибери и понудил договор за една сезона со можност за продолжување на уште една.