Според пресметките на Frans fudbal, Аргентинецот Лионел Меси, Португалецот Кристијано Роналдо и Бразилецот Нејмар се тројцата фудбалери кои ќе заработат најмногу во оваа сезона.

Француското списание ги пресмета вкупните доходи на фудбалерите, нивните плати, бонуси и заработка од реклами и спонзори.

Според овие пресметки, Меси ќе заработи 131 милион евра, Роналдо ќе инкасира 118 милиони евра, а Нејмар 95 милиони евра.

Кај тренерите води Диего Симеоне (Атлетико) со 40,5 милиони евра, пред Антонио Конте (Интер) со 30 милиони и Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) со 27 милиони евра.