Италијанскиот репрезентативец, Фредерико Киеза нема среќа со повредите по трансферот во Јувентус.

Крилниот напаѓач вчеравечер беше заменет на полувремето од Бернардески откако го повредил скочниот зглоб.

Поради слична повреда Киеза не го доигра и натпреварот со Сасуоло на 10 јануари. Неофицијално не станува збор за посериозна повреда на зглобот и можно е да се врати во тимот на Пирло за десетина дена.