38-годишниот фудбалер на Кодоњо, аматерски клуб од Ломбардија, е првиот заболен од коронавирус во тој регион. Сега тој е во болница во стабилно тешка состојба. Луѓето од неговата околина исто така покажуваат симптоми на болеста.

Поради него се одложени дури 40 аматерски натпревари во Италија. Засега тоа не е побарано за средбите од италијанскиот професионален фудбал.

Во моментов во светот се регистрирани 76769 заболени од оваа болест, 75569 во Кина. Досега починале околу 2360 луѓе.