Коронавирусот почна да го тресе и Балканот. Веќе има инфицирани во Хрватска, Србија и најверојатно во Косово.

Кризата не го одмина и фудбалскиот клуб Динамо Загреб, кој со клупско соопштение ја извести јавноста дека негов фудбалер е упатен во домашен карантин.

„По информацијата дека сопругата на еден од нашите фудбалери во текот на викендот била во Милано, клупскиот лекарски тим превентивно ги упати фудбалерот и неговата сопруга во болницата „Фран Михаљевиќ“. Бидејќи симптоми на коронавирусот не беа откриени, двајцата се упатени во домашен карантин чие траење ќе зависи од проценката на епидемиологот. На сите играчи им е упатена препорака да не патуваат во предели зафатени со вирусот“, се вели во соопштението на клубот.

Неофицијално, се работи за фудбалерот Изет Хајровиќ. Во Динамо Загреб настапува нашиот репрезенативец, Аријан Адеми.