Фудбалерот од средината на Манчестер Јунајтед, Андреас Переира, реши да оди на сеанси по хипноза, поради проблеми со спиењето.

Како што пишува The Sun, 24-годишниот Бразилец, имал проблем со сонот пред секој натпревар од еврокуповите.

Тој отиде кај познат специјалист за хипноза, кој за само четири сеанси му го реши проблемот.

Переира потекнува од академијата на Манчестер Јунајтед, а оваа сезона настапи на 33 средби на Јунајтед во сите натпреварувања и постигна 1 гол, а имаше и 4 асистенции.