Фудбалер на Наполи е топ приоритет на Манчестер Јунајтед. Се работи за дефанзивецот Калиду Кулибали, за кого Daily Mail тврди дека ќе биде главен приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.

Специјализираниот портал transfermarkt.de го цени 28-годишниот Сенегалец на 75 милиони евра. Во тековната сезона тој настапи на 20 средби во дресот на Наполи.

Минатото лето, Јунајтед понуди 90 милиони евра за Кулибали но тогаш тимот од Италија не сакаше да слушне за продажба за сума помала од 105 милиони евра.