Младиот  Тео Хернандез (21) е пред потпис со Милан,  играчот на Реал Мадрид  доаѓа во Италија, на тоа го „наговорил“ Звонимир Бобан кој од неодамна е дел од раководството на клубот од Милано каде играше долги години.

Хернандез игра на позицијата лев бек, треба да потпише договор со важност на четири години, минатата сезона настапуваше во Реал Сосиедад како позајмен играч. Реал од целиот трансфер ќе заработи 20 милиони евра, Хернандез ќе има годишна плата од 1,8 милиони евра.