Фудбалерите на Барселона при пристигањето во Италија ќе бидат тестирани на корона вирус, пишува ESPN. Барселона утре го игра натпреварот од осминафинале на Лигата на шампионите против тимот на Наполи. Притоа, Барселона во Неапол ќе пристигне веќе денеска.

Во Неапол засега не е регистриран случај на заразен од коронавирус, но во Италија веќе се одложени огромен број на културни манифестации и спортски натпревари.

Според изворот, на секој фудбалер на Барселона ќе му биде измерена температурата, а секој евентуален сомнителен симптом ќе резултира со носење на фудбалерот в болница.

Паниката во Италија се создаде откако двајца починаа од болеста, а дури 79 луѓе се заразени од овој вирус, претежно во северните италијански градови.