Управата на поранешниот Премиерлигаш и учесник во европските купови, Болтон се соочува со сериозни финансиски проблеми. Пријателскиот натпревар кој требаше да се игра овој петок е откажан откако фудбалерите и членовите на стручниот штаб одлучиле да стапат во штрајк.

Членот на Лига еден, или трета англиска лига е во преговори со неколку потенцијални купувачи но засега нема конкретно решение.

Вработените во Болтон заедно со фудбалерите немаат земено плата 20 седмици и поради ова можно е клубот дополнително да биде казнет од Англиската фудбалска асоцијација.