Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти побара од своите фудбалери да бидат во карантин во пресрет на натпреварот против Удинезе.

Минатиот пат  претседателот Аурелио Де Лаурентис го стави тимот една недела во карантин, но фудбалерите по само неколку дена своевелно го напуштија карантинот и си заминаа дома, што предизвика бура на реакции во клубот од Неапол.

Фудбалерите утре ќе имаат  тренинг, а во среда ќе останат во тренинг центарот и таму ќе престојуваат се до мечот со Удинезе кој се игра престојниот викенд.

Наполи нема победа осум меча по ред во сите натпреварувања и ваквиот потег на Анчелоти е очекуван.