Фудбалерите на Саутемптон изминатиот викенд им приредија големо разочарување на своите навивачи, откако загубија од Лестер на домашен терен со огромни 0-9 и го изедначија негативниот рекорд во Премиер лигата.

Во обида да се извинат тие ја донираа својата неделна плата во добротворни целин со цел да го обелат својот образ. Тие сметаат дека не ја заслужиле платата која ја земале изминатата седмица со оглед на катастрофата која им ја приредија на навивачите.

Саутемтон во моментот се наоѓа 18 позиција со само 8 освоени бода по првите 10 кола во Премиер лигата.