Тиаго Мендес доби црвен картон откако го повреди Нејмар во победата на Лион над ПСЖ а потоа беше и дополнително санкциониран поради невнимателноста на теренот.

Ова сепак е најмал проблем за играчот на Лион кој во меѓувреме добива застрашувачки пораки од навивачите на ПСЖ и на Нејмар.

„Ако нешто му се случи на Нејмар, ти ќе платиш со својот живот. Ти и твоето семејство еден по еден.“ – била една од пораките кои Мендес ги потвридл пред полицијата во Франција.

Во меѓувреме поврдено е дека Нејмар нема посериозна повреда и ќе се врати во тимот  на ПСЖ во следните десетина дена.