Фудбалерот на Аталанта, Матео Песина е заразен со коронавирус, објави италијанскиот клуб.
За играчот од средниот ред беше потврдено дека има коронавирус за време на тестот одржан во вторникот, а тој засега е асимптоматски и е во изолација, пренесоа италијанските медиуми.
Така тој стана осмиот играч кој се зарази со коронавирус по враќањето од натпреварите на италијанската репрезентација.
Пред него позитивни за овој вирус беа Леонардо Бонучи и Федерико Бернардески од Јувентус, Марко Верати и Алесандро Флоренци од Пари Сен Жермен, Винченцо Грифо од Фрајбург, Алесио Крањ од Каљари и Салваторе Сиригу од Торино.
Comments are closed for this post.