Реал Мадрид се соочува со нови проблеми по повредата на Хамес Родригез кој за време на еден од тренинзите со селекцијата на Колумбија доживеја повреда на коленото.

Следниот чекор ќе бидат деталните прегледи за да се утврди тежината на повредата. Прегледите би требало да бидат направени во Мајами, во следните денови, а она што е сигурно е дека Родригез нема да игра на следниот натпревар за Колумбија, против Перу.

Ова е нов пех за Колмбиецот кој поради повреда не беше дел од „кралевите“ на стартот од сезоната.