Играчот од средниот ред на Рома, Брајан Кристанте, влезе во конфликт со двајца разбојници кои вчера се обидоа да го украдат неговиот часовник „Ролекс“.

„Corriere dello Sport“ пишува дека Кристанте бил жртва на обид за грабеж во близина на „Олимпико“ додека бил во неговиот автомобил.

Два мажи маскинари му се заканувале и се обидувале да му го одземат часовникот од зглобот, по што Кристанте успеа да излезе од автомобилот да ги исплаши криминаците кои се разбегаа во непознат правец. Овој случај фудбалерот на Рома веднаш го пријави полиција која започна истрага.