Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека животот во Македонија, а воедно и спортот полека но сигурно од следната седмица ќе се враќа во нормала.

Министерот нагласи дека оваа седмица сите спортски колективи меѓу кои и фудбалот ќе можат да започнат со индивувални тренинзи, додека тимските тренинзи ќе започнат од 18.мај. За очекување е фудбалските лиги во Македонија да се вратат за три седмици.

Сепак за такво нешто ќе биде потребно сите тестови кои ќе бидат направени во следниот период над спортистите и тимовите да бидат негативни на КОВИД-19. Сега ФФМ во консултација со клубовите треба да одреди датум и форма за доигрување на сезоната.