Фудбалската федерација на Чешка се огласи повод рекордот на Роналдо, Португалецот со гол учествуваше во победата на Јувентус против Наполи во Суперкупот, стигна до бројка од 760.

Португалецот беше прогласен за нов рекордер, го надмина Јозеф Бичан,  статистиката на Роналдо вели дека тој има 658 погодоци во клубовите за кои настапувал и 102 за репрезентацијата на Португалија.

ФА на Чешка тврди дека Роналдо не запишал никаков рекорд, нивниот Јозеф Бичан постигнал 821 гол на официјални средби, рекордот на Португалецот според Чесите не важи.