Вечерва во Лигата на шампионите се играат нови осум натпревари, секако дерби мечот на „Камп Ноу“, Барселона го пречекува Интер.

Во рамки на групата Е, екипата на Генк го пречекува Наполи на Елиф Елмас. Наполи запиша победа над Ливерпул во првото коло , Елмас е најавен во стартниот состав. Ливерпул во оваа група е домаќин на Салцбург.

Конкуренцијата Ф ги носи натпреварите, Славија Прага – Борусија Дортмунд од 19 часот, дербито на денот се игра меѓу Барселона и Интер од 21 часот. Интер нема освоено бод против Барселона на гости.

Во групата Г, Зенит е домаќин на Бенфика, Лајпциг го пречекува тимот на Лион.

Лил е на тежок испит против Челси кој нема право на грешка во групата Х, во оваа конкуренција се среќаваат и Валенсија и Ајакс.