Традиционално во август се игра УЕФА Супер купот, каде финалисти се освојувачите на ЛШ и Лига Европа.

Минатата сезона Ливерпул го совлада Тотенхем во финалето на ЛШ, додека Челси беше подобар од Арсенал во финалето од Лига Европа, по што овие два тима си закажаа фудбалска пресметка.

Токму денеска УЕФА потврди дека на оваа средба, делегиран е женски судија и тоа Стефани Фрапарт која ќе биде дел од историја , прва судијка која судила едно големо финале.

Фрапар во јуни ја имаше честа да го суди финалето на Светското првенство за жени помеѓу САД и Холандија. Беше делител на правдата и во полуфиналето на Европското првенство во 2017 година, а претходно и финале на ЕУРО до 19 години.