Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике стана сопственик на фудбалски клуб, а полека но сигурно инвестира во него.

Според договорот со шпанската фудбалска федерација на екипата на Пике дозволено им е да се натпреваруваат во шпанската трета лига.

Фудбалскиот клуб Андора со години играше во четвртата лига ,но сега со одлукат на новиот сопственик ќе играат во 3. првенствена лига.

Мундо Депортиво објави дека Пике платил 452.000 евра, со цел неговиот клуб Андора да обезбеди пласман во 3. лига, на местото на фудбалскиот клуб Реус Депортуа.

За ова место се бореа уште и Замора и Интер Сити, кои понудиле иста сума на пари, но на крајот местото го добила Андора, која е промовирана во повисок ранг на натпреварувањае.