Македонските фудбалки прволигаши и второлигаши денеска во просториите на ФФМ заедно со представници на „Куќата на фудбалот“ ќе разговараат околу следните чекори поврзани со можниот рестарт на сезоната.

Домашното фудбалско првентво е во прекин од 12 март поради пандемијата од Ковид-19. Владата сеуште нема дадено дозвола за одржување на групни тренинзи, а клубовите немаат решено дали ќе можат да ја доиграат оваа сезона.

Постојат повеќе опции, од прогласување на шампион без испаѓање, притоа сезоната да не се доигра, па до проширување на Првата лига на 14 клубови. Останува нејасно и кој би ја представувал Македонија во Европските купови на УЕФА откако Вардар ја изгуби лиценцата.

Во секој случај јасно е дека по денешниот состанок во ФФМ ќе се знае во кој правец размислуваат клубовите и кои ќе бидат следните чекори.