Фудбалската федерација на Македонија организираше комеморација за Слободан Вујчиќ – Брацо, пријател и помагател на фудбалот во  Македонија. Во присуство на семејството на Брацо Вујчиќ, претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини, бројни фудбалски работници, говореше Атанас Костовски , негов долгогодишен соработник.

„Сите ние кои сме тука, а кои за жал на овој начин не собра Слободан Брацо Вујчиќ, доволно зборуваме за големината на овој човек. Пријателот на Македонија и македонскиот спорт кој не знаеше да одбие никого, огромен добротел кој остави за сите нас премногу изминативе 30 години откако пристигна во нашата земја. Сите оние фудбалски и спортски колективи кои ги помагаше безрезервно, добро знаат кој беше и што значеше за македонскиот спорт Брацо Вујчиќ. Огромен хуманист кој засекогаш ќе го паметиме“ – истакна Костовски.