Лондонски Фулам го совлада градскиот ривал Бренфорд во финалето на англискиот Чемпионшип и обезбеди експресно врачање во Премиер лигата.

Финалето на Вембли беше одлучено по продолженија, откако во регуларниоит дел мрежите мируваа.

Џо Брајан беше херој на ноќта, постигнувајќи два гола од 105 до 117 минута. Далсгард во третата минута од судиското продолжение беше стрелец за Брентфорд.

Фулам е последниот патник во Премиерлигата, каде место претходно обезбедија Лидс на Егзјан Алиоски и ВБА.