Рестартот во Чемпионшип дивизијата во Англија одново е под знак прашалник, откако двајца фудбалери на Фулам биле позитивни на тестирањето за Ковид-19.

Од вкупно 1003 фудбалери и вработени во клубовите во втората англиска лига, три лица биле заразени со коронавирусот од кои двајца се од Фулам.

Предходното масовно тестирање во Чемпионшип дивизијата донесе двајца заразени од Ковид-19 во Хал сити.

Поголемиот дел од клубовите во ова натпреварување во Англија јавно потврдија дека се расположени за рестарт на сезоната но појавувањето на заразените со коронавирусот меѓу играчите може да се покаже како сериозен проблем.