Македонската футсал репрезентација по поразот од Словенија (1-6) во првото коло на претквалификацискиот турнир  за СП 2020 во Скопје, вечерва бара шанса за бодови против Косово кој исто така беше поразен на првиот настап од Украина (1-7).

Со победа Македонија ќе остане во игра за второто место во групата иако шансите за тоа по поразот од Словенија се сведени на теорија.

Натпреварот со Косово се игра од 17:30 часот. Покрај оваа средба, вечерва се игра и дерби меѓу Словенија и Украина од 20:00 часот, натпреварите се играат  во СЦ „Јане Сандански“.