Трите порази во квалификациите за пласман во Елитната рунда квалификации за СП ја потврдија ситуацијата во која се наоѓа нашиот репрезентативен футсал.

Трите порази, последно место во групата 2 и лошата игра и форма беа само доказ дека нешто мора да се менува. Сеуште актуелниот (со следниот Управен одбор на ФФМ) селектор, Иван Божовиќ за Дриблинг.мк потврди дека заминува со желби за се најдобро.

„Нема причина повеќе да бидам тука. Нема што да селектирам, нема нови млади играчи, нема вложување во клубовите, футсалот во Македонија допрва го чекаат тешки денови. Вистински сакам да помогнам но тоа во моментов е невозможно. Поразот од Косово беше катастрофа. Тоа е реалноста.“ – се обиде да се оправда селекторот, Божовиќ во изјава за Дриблинг.мк.

Македонија сега ја очекува нови претквалификациски циклус за пласман на ЕП 2020 на крајот од јануари следната година.

„Три порази кога ќе имаш на еден ваков турнир, нашата футсал репрезентација не е спремна за големо натпреварување, имавме повредени и казнети играчи, ќе повторам дека реално немаме квалитет за нешто големо, разочарани сме, сакавме победа над Косово но не успеавме“ – посочи капитенот Левески за Дриблинг.мк по поразот од Украина.

За да бидеме дел од континенталниот собир во Холандија прво мора да бидеме или меѓу првопласираните во една од девете групи или да бидеме меѓу петте најдобри од второ пласираните па преку бараж да бркаме место во главните квалификации (април 2020 година).

Ако ова ни успее не очекува за прв пат во историјата квалификациски циклус по системот дома гости.

Се надеваме дека Мицевски ќе се опорави, Левески ќе го одржи ентузијазмот за и на 36 години сеуште да го предводи овој тим во кој со уште неколкумина безпоштедно се борат и се пример за понеискусните, помладите.

Првата пречка се претквалификациите (27 јануари до 5 февруари), на овој турнир ќе сме домаќини а извесно е дека на селекторската позиција ќе се врати Васко Скендеровски кој ја водеше Македонија 13 години.

Дамјан Николовски