Првакот на Македонија во футсал, екипата на Шкупи му ја наполни мрежата на Енкамп  со 11-1 во првата фаза од квалификациите за лигата на шампионите.

За Шкупи ова е втора победа на турнирот кој се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје, со оваа убедлива победа ншиот тим ќе игра за првото место против Даугавпилс од Летонија.

Головите за македонскиот шампион ги постигнаа, Сулејман и Сефери кои учествуваа во победата со  хет-трик, по еден погодок постигнаа Петровиќ, Глигоров, Шабани и Исмаили , автогол реализираше Сан Сегундо. Голот за тимот од Андора го постигна Неира.