Футсал шампионот на Македoнија, екипата на Шкупи, со пораз ги започна главните квалификации во Лигата на шампионите.

Шкупи е поразен од Лео од Ерменија со 7-2 на турнирот  кој се игра во Макарска. Утре противник на македонскиот првак е екипата на Омонија Никозија, додека во последното коло се среќава со домаќинот Ново Вријеме.