Македонскиот шампион во футсал Шкупи во вторник ќе го дознае противникот на стартот од новата сезона во Лигата на шампиони, а можен противник на „чаирчани“е францускиот првак со едно од најголемите футсал имиња Рикардињо.

УЕФА го смести Шкупи во носители во групата 2 заедно со белградската Црвена звезда, Луксол од Малта и белорускиот првак Витен.

Можни противници на Шкупи се шампионите на Бугарија, Република Ирска, Австрија, како и дебитантот Вилнев 92, првакот на Франција, кој влегува во ЛШ со големи амбиции. Францускиот првак летоска донесе две звучни имиња, Рикардињо и Ортез од азербејџански Интер Баку.

Првото квалификациско коло на програмата е од 24 до 29 ноември.