Бразилскиот напаѓач во редовите на Мнчестер Сити, Габриел Жезус не е задоволен од минутажата која Гвардиола му ја дава во дресот на „граѓаните“. Жезус, сепак вели дека свесен е за конкуренцијата која ја има во името на Кун Агуеро, кој изминатите години стана легенда на „Етихад“.

„Треба да ја чекам својата шанса, тука сум речиси три години, ова е моја четврта сезона, а тоа ме прави да сакам да играм повеќе. Очигледно е дека е многу тешко да се борите за минутажа со Агуеро, најголемата легенда на клубот, тоа сепак е добро за тимот, Агуеро игра добро кога е во тимот, меѓутоа и јас го правам истото во една таква ситуација“-вели Бразилецот.

22 годишниот бразилски напаѓач на „Итихад“ пристигна во јануари 2017. година, како наследник на Агуеро за нападот на долгорочно ниво, Жезус работи во полна пареа, а притоа постигна три погодоци на исто толку натпревари како стартер сезонава под кормилото на Пеп Гвардиола.