Првата ракавица на ФК Вардар, Филип Гачевски се израдува на елиминацијата на Шкендија во второто коло од квалификациите од Лига Европа. Популарниот Гача не пропушти да потсети на неправдите кои според него му се случуваа на ФК Вардар во минатата сезона во домашното фудбалско првенство.

„Сите се правеа слепи пред очигледните неправди, ама господ е голем и праведен. Ние и нашите навивачи плачевме пред огромните неправди кон нашиот клуб а сега плачете малку и вие, КАРМАТА Е ЧУДО!!!!“ – напиша Гачевски на личниот Фејсбук профил.