Колумбискиот фудбалер и напаѓач на Монако, Радамел Фалкао би можел кариерата да ја продолжи во Галатасарај.

Турските медиуми пренесуваат дека фудбалерот е подготвен да се приклучи во клубот од Истанбил, кој откри дека е во преговори во Монако.

Фалкао ова лето изрази желба да го напушти францускиот клуб, а извесно е дека неговата следна дестинација ќе биде турскиот шампион.

Со Монако, Колумбиецот има договор до 2020 година, а во клубот дојде од Атлетико Мадрид во 2013.